Во ситуација кога сите се жалат на слаба наплата, немање клиенти и неможност да се справат со кризата, тоа не важи за пајак службата. Таа работи турбо си со огромни профити. Ако се земе предвид фактот што сите плаќања се прават веднаш, нема проблеми со наплатат и касата се полни.
Во текот на изминатата недела (14.11 – 20.11.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 266 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 41 е отстрането од зонските паркиралишта, а преостанатите 225 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 489 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 41 возило е отстрането со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.