Според податоците на агенцијата ЈАТО, глобалните продажби на нови возила во првите четири месеци од годината се имаа подобрено за 3,4 проценти во споредба со истиот период од минатата година, а има достигнато ниво од 28,8 милиони возила.
Од ЈАТО, се набљудуваат 53 пазари, а тоа изнесува 90 проценти од вкупниот број. Секое второ од три возила е купено во Кина, САД и Европа, а движечка сила на бизнисот се големите пазари во развој како Индија, Бразил и Русија.
На крајот на првите четири месеци од годината, Кина води убедливо со 8.345.523 продадени возила и пораст од 4,4 проценти. На второто место, со заостанување од речиси три милиони возила продадени возила е САД (5.458.579), на трето е Јапонија (1.878.579), а потоа се: Индија со 1.330.684, Германија со 1.278.480, Велика Британија со 1.004.268, Франција со 896.792, Италија со 801.759, Бразил со 737.821 (+20.5%) и Канада со 627.243.
Најпродаваното возило во првите четири месеци е Ford F-Series со 336.599 продадени примероци, а во Топ 10 на најбараните возила исто така влегуваат и: Toyota Corolla, VW Golf, Honda Civic, Nissan X-Trail/Rogue, Toyota RAV4, VW Tiguan, VW Passat/Magotan, Honda HR-V и Honda CR-V.
Од ЈАТО споделуваат исто така дека тенденцијата за зголемување на барањето на СУВ моделите продолжи и кон крајот на април. На крајот на првите четири месеци од годината, пазарниот дел е зголемен до 34,2 проценти што покажува напредок во однос на минатогодишниот резултат од 30,9 проценти.