Во првите шест месеци од ова година е регистриран пораст на продажбите од 2,7% што е еднакво на 8,6 милиони продадени автомобили. Најголем удел во овие бројки има Volkswagen кој доминира на европскиот автомобилски пазар. Од агенцијата JATO велат дека компанијата може да се пофали и дека продава најмногу СУВ возила на континентот.
Според податоците на ЈАТО брендот Volkswagen има пораст од 9% со 988.507 продажби во Европа од почетокот на годината, додека на 2. и 3. место се наоѓаат Renault со 624.443 и Ford со 573.250 продадени автомобили.
Во Топ 10 на најпродавани автомобилски брендови во Европа за првата половина од годинаа влегуваат и Peugeot (542.433), Opel/Vauxhall (493.802), Mercedes (460.045), Audi (432.191), BMW (428.185), FIAT (405.511) и SKODA (398.650).
Меѓу Топ 10 на најбарани модели во Европа од почетокот на годината се најдоа: VW Golf (257.550), Renault Clio (185.234), VW Polo (163.924), Ford Fiesta (157.286), Nissan Qashqai (134.547), Peugeot 208 (132.764), VW Tiguan (129.237), Skoda Octavia (123.710), Renault Captur (121.235) и Opel Corsa (117.981).
Со најголем пораст во барањето меѓу 25-те најпродаваните модели во Европа можат да се пофалат Peugeot 3008 (+43%, 111.990 единици) и Dacia Duster (+31%, 97.286 единици).