Најпродаваните автомобили на сите времиња (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Списанието Autocar направи рангирање на најмасовните продажби на автомобили во историјата. Рејтингот зема предвид статистики од продажбите, но има некои неточни бројки. Сепак, и покрај тоа релатично точно ја одразува популарноста на моделите.

На списокот се вклучени над 60 автомобили, но најинтересното е поврзано за првата десетка. Се разбира бројките се изразени во милиони..и сите се над 10 милиони.
Еве ја листата..

10. Oldsmobile Cutlass (1961-1999), 11,9 милиони

Oldsmobile веќе не постои, но името на некогаш славниот бренд се поврзува со едни од најпознатите напредни иновации во американскиот автомобилизам. Во своите автомобили првпат вклучија прекинувач за палење и хромирани делови.

Во деловите на Oldsmobile исто така се и полуавтоматски менувач (1937 година) и софистицирана верзија – целосно автоматски менувач Hydra-Matic (1940 година). После Втората Светска војна технолошкиот развој на компанијата со исклучително успешниот V8 Rocket со висок степен на компресија и моќност од 135 коњски сили е преставен во 1949 година.

Благодарение на овој модел Oldsmobile победи во NASCAR, што ги искачи продажбите до небото.

9.BMW 3 (1975-досега), 13,3 милиони

Триото од Баварија станува репер за спортски седан уште со првата генерација. Моделот традиционално се рангира меѓу лидерите според продажбата во својата клаза. Во октомври минатата година дебитираше седмата генерација на 3er.

8.Hyundai Elantra, (1990-досега), 13,4 милиони

Ако станува збор за најпродаваните возила во историјата, тешко дека некој би се сетил точно на Elantra. Моделот од Кореја ги освои своите љубители со добар соодност меѓу разумна цена и перформанси веќе близу три децении.

7.Renault Clio (1991-досега), 14,6 милиони

Clio е еден од најзначајните успеси на Renault на сите времиња. Петтата генерација на моделот беше претставена на саемот во Женева, а продажбите почнуваат кон крајот на годината.

6.Honda Civic (1972-досега), 17,3 милиони

Благодарение на овој мал автомобил покажан првпат во јули во 1972 година, Honda се наредува меѓу најголемите производители во светот. Минатата година Civic го зазема 4. место меѓу најпродаваните автомобили во светот. Следната генерација се очекува да се појави во 2021 година.

5.Lada Riva (1980-2015), 18 милиони

Тука Autocar веројатно ги има предвид сите модели на ВАЗ со заден пренос, направени на платформа на FIAT 124 (1966 година). Инаку, од продажбите како Riva „петка“ се произведени двојно помалку возила отколку од 2016 – 2,91 милини спрема 4,39 милиони.

4.Opel/Vauxhall Corsa (1982-досега), 18,3 милиони

Името Corsa се појавува во понудата на Opel пред37 години. Во Велика Британија го знаат како Nova. Новата генерација на бестселерот ќе биде унифицирана со Peugeot.

3.Volkswagen Golf (1974-досега), 34,8 милиони

Golf кој е веќе 30-милионски се симна од транспортерот во 2013 година. Моделот е традиционален лидер според продажбите во Европа и тоа уште од првата генерација. Volkswagen ќе ја претстави осмата генерација во октомври.

2.Ford F-Series (1948-досега), 39 милиони

2018 Ford F-150 Media Drive

Простата и здрава конструкција во комбинација со прифатлива цена го прават овој пикап најпопуларниот модел во САД на сите времиња.

1.Toyota Corolla (1966-досега), 45,5 милиони

Компактниот автомобил од Јапонија му ја зема титулата на Volkswagen Käfer за „Најпродаван автомобил во светот“ само осум години после стартот на производството. Toyota излегува со нова Corolla на секои 15 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK