Компанијата од САД, iSееСаrs спрoвeдe студија во која беа идентификувани десетте најпопуларни автомобили кои се користат од страна на Американците повеќе од 15 години. А Американците се познати по своите статистики и разни други параметри со кои објаснуваат некоја причина, феномен или однесување.
Резултатите се зачудувачки за многумина бидејќи доминираа моделите од јапонските брендови. И сосема е нормално тоа затоа што Јапонците се најиздржливи.
Стручњаците анализираат над 660.000 автомобили произведени во периодот од 1981 до 2005 година, кои се продадени во 2020 година. Во рејтингот се вклучени автомобили, кои имале еден сопственик повеќе од 15 години.
Како најверен автомобил се покажува Tоyоtа Prius, но уште поинтересно е тоа што оригиналниот Топ 10 се состои само од модели од три бренда – Tоyоtа, Hоndа и Subаru. Првата петорка е целосно заземана од автомобили на Tоyоtа, a во десетката се вкупно седум.