Најпопуларните автомобили во секоја од земјите – во Македонија е … (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Популарниот YouTube канал, DonutMedia, објави ново видео поврзано со светот на автомобилизмот. Станува збор за видео на кое се прикажани најпопуларните автомобили во секоја од земјите ширум светот. За многумина сигурно ќе биде чуден изборот и одлуката како едно возило е најпопуларно во таа земја. Но, интересно е што каналот за речиси секоја земја од светот има некој податок.

Според нив Skoda Octavia е убедливо најпопуларниот автомобил во Европа. Полска, Чешка, Хрватска, Унгарија, Романија, Украина, Молдавија, Белорусија, Летонија и Латвија се земјите каде овој автомобил е најпопуларен. Моделот Fabia е најпопуларен во Чешка.

Најпопуларен автомобил во Македонија е новата генерација на Citroen C3, која за волја на вистината може многу често да се забележи ширум улиците на Македонија. Секако некои нема да се согласат со ова затоа што на нашите улици изборот е навистина широк и разновиден, па може да се донесе одлука и за некој друг бренд.

Интересно е што во соседна Албанија за најпопуларен автомобил е избран половен Mercedes C класа.

Целосното видео може да го погледнете во продолжение.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK