Вип воведе четири нови постпејд тарифни модели прилагодени кон комуникациските потреби на секој член од семејството.
Новото Vip Family тарифно портфолио се состои од четири тарифни модели и тоа: Vip Family Hype, Vip Family Hero, Vip Family Hero+ и Vip Family Senior.
Супер атрактивниот Vip Family Hype тарифен модел е наменет за оние кои сакаат да се постојано онлајн со 4G брзина, додека со Vip Family Hero или Vip Family Hero+ корисниците добиваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите национални мрежи како и 4G интернет.
“Нашeто Vip Family портфолио е совршен избор за корисниците на мобилната телефонија и уверен сум дека во богатиот избор на тарифни модели, секој член од семејството ќе го пронајде совршениот пакет што ќе одговара дури и на оние со најспецифични комуникациски потреби. Специјално креираните Family пакети, наменети за секој член на семејството ги сметаме за наша огромна предност, дотолку повеќе што на корисниците освен висококвалитени и неограничени услуги во мобилната телефонија им нудиме најконкурентна цена што секако ќе значи и заштеда во семејниот буџет”, изјави Димитар Ковачевски, извршен директор на Вип.
Со Vip Family Hype за месечна претплата од 449 денари, корисниците добиваат 6 GB 4G интернет, неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница, како и 100 минути кон други национални мрежи. Vip Family Hero месечно чини 599 денари и е наменет за корисници кои сакаат долги разговори. Во пакетот се вклуени неограничени разговори и СМС кон сите мрежи и 3 GB 4G интернет. Со Vip Family Hero+, за 999 денари месечна претплата корисниците добиваат неограничени разговори кон сите мрежи, неограничени СМС пораки , 6GB интернет и 50 минути за меѓународни разговори. Vip Family Senior е наменет за пензионери, а за месечна претплата од само 249 денари, корисниците можат да уживаат во неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница и добиваат вклучен 500 MB мобилен интернет.
Тарифните модели од Family портфолиото можат да се комбинираат и во рамки на Комбо пакетите на Вип кои вклучуваат: мобилна телефонија, фиксна телефонија, интернет и телевизија.
Family тарифните модели се промотивни и достапни со договор на 24 месеци за нови и обновени договори за сите физички лица кои имаат активна најмалку една Вип мобилна линија со месечна претплата од 550 денари или ќе активираат барем 2 Vip Family мобилни линии од кои една е со минимална месечна претплата од 550 денари.