Најнов тренд: Полицијата има и велосипеди со камери кои ги снимаат престапниците!

ОБЈАВЕНО НА:

Во местото Сомерсeт во Англија има многу велосипедисти, но некои од нив се посебни. Нивната работа е да се вклопат во толпата и не изгледаат сомнително. Тие немаат полициски униформи, но ги издава еден детаљ.

На велосипедите им се монтирани камери и нивна задача е да се возат низ градот и да ги снимаат сообраќајните прекршоци како оние кога возачите на автомобилите возат по велосипедска патека. Оваа единица е опремена со камери во вредност од околу 600 евра.

Во Велика Британија во една третина од сообраќајите несреќи учествуваат велосипедисти или мотоциклисти. Затоа полицијата овој проект го гледа како шанса за да се зголеми нивната безбедност.

За целата акција возачите се предупредени и таа не е никаква тајна, но полицајците немаат намера да носат службена облека туку и понатаму ќе бидат облечени како другите велосипедисти со тесни панталони, маица и шлем.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK