Lamborghini и Lego го претставија новиот супер сет Sian FKP 37 за монтажа на моделот на хиперавтомобилот во размер 1:8, а сетот на познатиот дизајнер вклучува 3696 делови. За потсетување, Sian првпат беше претставен за време на саемот во Франкфурт во 2019 година.
Димензиите на намалената верзија на хибридното купе на Lamborghini се: 13 см висина, 60 см должина и 25 см ширина.
Во моделот на конструкторот маестрално се вклучени многу елемнти на хиперавтомобилот, вклучувајќи и мотор V12, подвижен заден спојлер, врати кои се отвораат нагоре, предна и задна суспензија, управувач со логото на Lamborghini.
Телото на моделот, вклучено во серијата Lego Technic Ultimate Series, е во светло зелена боја со елегантни златни тркала инспирирани од дизајнот на спортскиот суперавтомобил. Конструкторскиот дизајн на Sian FKP 37 ќе биде достапен во продавниците и на сајтот на Lego од 1 јуни, а во другите канали за дистрибуција од 1 август.
Цената на комплет е 380 долари. Реалниот Sian, кој Lamborghini го пушта во ограничена верзија е оценет на 3,6 милиони долари.