Ford Performance објави тизер и откри дека премиерата на најмоќниот сериски модел на брендот, наменет за возење низ „цивилната“ патна мрежа. Станува збор за новото Mustang Shelby GT500 – автомобил, кој ќе располага со моќност од 700 коњски сили.
Премиерата ќе биде направена на 14 јануари следната година и ќе биде во рамки на саемот во Детроит. Штандот на Ford на саемот во Лос Анџелес исто така ја „загреа“ публиката за појавата на најмоќниот Ford во историјата. Во стилизираната витрина е поставен класичниот Shelby GT500 од 1967 година, а долу е запишан моделот на сите Mustang Shelby до овој момент, а постои најава и за претстојната модификација.
Внатрешноста на новиот Ford Mustang Shelby GT500 беше откриена од корисник на Instagram, кој сподели дека автомобилот ќе се опремува со осумцилиндричен мотор со можност од 700 коњски сили и ќе се одделува од другите возила Mustang со поголеми браници, оргомни доводи за воздух и јаглеродно аеродинамични елементи.