Најмногу станици за полнење во Европа се позиционирани во четири држави

ОБЈАВЕНО НА:

Здружението на автомобилските производители во Европа (АСЕА) објави ажурирани податоци за ситуацијата со станиците за полнење на електромобили на територијата на „стариот континентот“.

Податоците на АСЕА покажуваат дека наспроти позадината на сè поголемата побарувачка на електрифицираните plug-in хибриди и целосно електрични автомобили во Европа, инфраструктурата на станиците за полнење заостанува според бројот и покриеноста на територии, што е потребно за проширување на овие нови како погонски возила.

Според податоците на АСЕА во последните три години продажбите на plug-in хибридите и 100% електрични автомобили во Европа се зголемени со 110%, но во исто време бројот на места за полнење е зголемен за нешто помалку од 58% до ниво од под 200.000 единици.

Од АСЕА исто така посочуваат дека анализата покажува едвај една на секои седум места за полнење, само 28.586, нуди можност за брзо полнење (≥22kW), а голем дел од другите 171.239 се од стандарден тип на домашна инсталација.

Друга интересна анализа, која ја прават од АСЕА е поврзана со заситеноста на станиците за полнење. Тука, податоците покажуваат дека во четири европски земји: Холандија, Германија, Франција и Велика Британија, се позиционирани повеќе од 75’ од сите такви објекти во цела Европа.

Од асоцијацијата посочуваат дека во земјата со најсилно развиена инфраструктура за полнење, Холандија, има 1000 пати повеќе места за полнење во споредба со оние со најслаба развиеност, Кипар со едвај 38 места за полнење.

Како земји со најслабо развиена инфраструктура за полнење, од АСЕА ги посочуваат освен Кипар, Грција со 61 поен, Малта со 102, Бугарија со 135 и Литванија со 202. За територијата на нашата земја, податоците на асоцијацијата покажуваат дека 70 од нив се со капацитет од под 22 kW, а другите 65 се за брзо полнење (≥22 kW).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK