Најлошите автомобили за 2020 година според Џереми Кларксон (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Познатиот британски автомобилски новинар Џереми Кларксон ги објави најлошите модели за минтата година кои ги има тестирано во рубриката во Thе Sundаy Timеs.

Според традицијата секој автомобил е оценувам според систем од пет точки, а максимумот е пет ѕвезди.

Според Кларксон најлошиот автомобил за 2020 година е Аstоn Mаrtin DBX, кој доби само две ѕвезди. Првиот кросовер на британскиот бренд не му се допадна на Кларксон поради квалитетот на кожниот тапацир и тврдото возење.

Едвај две ѕвезди од петте можни добива и BMW M8 Соmpеtitiоn. На новинарот не му се допања управувањето и однесувањето на патот. Тој го смета германското купе за премногу тешко и го споредува со балерина, а на сцената излегува со две големи чизми.

Малку повисока оценка од две и пол ѕвезди добива Kiа Xсееd. Кларксон ја тестирал мофицикацијата со 1.4-литарскиот турбо мотор, кој според него е премногу слаб. На новинарот не му се допаѓа нервозното однесува за време на забрзувањето и „газењето“ на предните тркала.

„Се чувствував како во 80-тите“ вели Кларксон, кој не очекуваше такви недостатоци на модерниот автомобил.

Тој не е особено импресиониран и од Hyundаi i10, кој добива три ѕвезди. Од 1.153 збора во прегледот на Џереми, само 120 се однесуваат конкретно за моделот. Приказната е тешка – подобро е да немате никаков автомобил, отколку таков.

Меѓу најлошите автомобили за 2020 година се наоѓа и Skоdа Kаmiq, која исто така е оценета со три ѕвезди. На Кларксон не му се допаѓа чешкиот кросовер бидејќи бил премногу сличен со другите продукти на Vоlkswаgеn Grоup.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK