Најголемиот авион во светот на продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Информациите за финансиските проблеми во „Stratolaunch“ се покажаа како точни, но компанијата не планира да се изгаси туку бара купувач. Со тоа се продолжува и приказната за најголемиот авион во светот. Оваа приказна почна кога коосновачот на „Microsoft“, Пол Ален ја активираше компанијата „Stratolaunch“ со идејата да изработи голем авион способен да лансира сателити во орбитата место за таа цел да се користат скапи ракети.

Сепак, проектот се најде под прашање кога минатата година Ален почина. И покрај тоа овој април беше извршен тест лет на авионот кој официјално стана најголемиот во светот според распонот на крилата. Набрзо после ова беше објавено како целиот проект може да биде изгасен поради финансиски проблеми, но тогаш претставниците на компанијата демантираа дека компанијата ќе пропадне и порачаа дека ќе продолжат со работа.

Најновите информации, сепак, откриваат дека вестите за финансиските потешкотии, сепак, биле точни бидејќи американските медиуми сега велат дека целиот проект е на продажба. Компанијата „Vulcan“ која е главен инвеститор во „Stratolaunch“, се обидува да го продаде првиот авион и целиот пакет интелектуална сопственост врзана со него, како и погоните во кои истиот беше создаден и хангарот во кој може да се смести. Цената е „вистинска ситница“, 400 милиони долари.

Како некој од заинтересираните за преземање на „Stratolaunch“ се споменува веројатно најпознатото име кога станува збор за приватни туристички летови низ вселената, Ричард Брансон, кој е основач на „Virgin Galactica“. Наводно тој за овој проект и понудил на компанијата „Vulcan“  еден долар.

„Blue Origin“ на Џеф Безос и „SpaceX“ на Елон Маск засега немаат покажано заинтересираност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK