Наjевтиниот автомобил доаѓа од Кина и се нарачува преку Aliexpress (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сервисите за онлајн купување од Кина, Alibaba и Aliexpress често можат да претставуваат коцкање, со оглед на тоа што неретко се случува да се добие нешто што го немате нарачано. Сепак, има и спротивни примери…

Такво нешто му се случи на новинар на автомобилскиот сајт Jalopnik, Џејсон Торчински, кој бил пријатно изненаден кога нарачал електричен автомобил и тоа по цена пониска од 1.000 долари.

Открил дека она што го добил е многу подобро отколку што очекувал.

А она што го нарачал најверојатно е најевтиното потполно функционално електрично возило на светот, производ на кинеската компанија Changli и чини само 930 односно 1.200 долари со вклучен пакет батерии. Со дополнителна опрема и транспорт до САД вкупната цена изнесувала нешто помалку од 3.000 долари.

За малиот Changli, Џејсон снимил неколку видеа во кои открил дека возилото има прилично корисна батерија и дека е многу подвижно. За толку малку пари колку што чини ова електрично возило ја има сета опрема која би ја очекувале од современ автомобил, па дури и камера за возење во рикверц.

Сепак, Changli EV е далеку од врвно автомобилско инженерство. Со мотор од 1,1 коњска сила исклучително е бавен и по динамиката на возење доста отскокнува од современите возила. Многу е тесен, висок и има мали тркала.

Не е ниту потребно посебно да се нагласува дека е сосема сигурно дека Changli не е најбезбедното место во случај на судир, особено со некој голем СУВ автомобил. Причината за тоа е фактот дека не е е во вистински смисол автомобил, поради што не мора да минува ригорозни тестови на безбедност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK