Најеколошки автомобил за 2017 е Hyundai IONIQ Electric

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai IONIQ Electric e најеколошкиот автомобил од вкупно 105 тестирани возила во текот на 2017 година од страна на германската автомобилска асоцијација ADAC. Се работи за целосно електронски модел, кој успеа да ги достигне петте ѕвезди на ADAC со највисок резултат од 105 поени.

IONIQ Electric успеа да се најде на врвот откако освои 50 поени за возење на патиштата со ниска емисија на штетни гаосви, како и со 55 од 60 за целосно претставување во областа на емисијата на CO2.

„Неверојатно добриот резултат на IONIQ Electric при еко тестот на ADAC ја потцртува компетентноста на Hyundai при изработувањето на новите технологии и го презентира инвентивниот дух на марката“, вели Андреас-Криштоф Хофман, кој е потпретседател на маркетинг и продукти во Hyundai Motor Europe.

Hyundai IONIQ Electric е дел од успешната серија на IONIQ со три различни модели. Hyundai Motor е првиот производител, кој предлага електрично, хибридно и плагин хибрдино придвижување во еден тип на каросерија. Од пуштањето на пазарот кон крајот на 2016 година, моделот има над 28.000 продажби во Европа.

Со петѕвезден рејтинг од Euro NCAP и награди на различни пазари за целосно преставување, IONIQ е еден од најнаградуваните и еконосмки најпогодни еколошки модели на пазарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK