Повеќе не е тајна дека цената на еден авионски билет се менува неколкупати во текот на еден ден и е навистина голема мистерија на каков начин можете да успеете да направите најдобра „зделка“ при купувањето на билет за некои лет.
Се разбира, цената на еден авионски билет се разликува во однос на дестинацијата, сезоната во која се лета и денот од неделата во кој се патува. Покрај овие фактори има уште неколку други кои исто така се причина за менување на цената.
Некогаш барањето на најпогоден авионски билет се претвора во „руски рулет“ и „играчите“ често можат да се почувствуваат победени бидејќи веќе следниот ден цената паднала значително.
Од сајтот Cheapair секоја година вршат проучување на над 917 илјади летови за да успеат да дознаат кога е најдоброто време за да се купи авионски билет. На примет тие успеале да утврдат дека најдобрата зделка е 70 дена пред летот или малку повеќе од два месеци. Тоа варира во зависност од дестинацијата но навистина е добро вашето патување да го планирате малку порано.
Интересен факт е и дека нема определен ден во неделата кој е таканаречен „среќен ден“ во кој можете да го купите билетот, но од големо значење е кога точно е летот. На пример поевтино е да се патува во вторник или среда, додека најскапо е в недела.
Најчесто се патува во текот на летото и специјалистите препорачуваат да не се остава купување на билетите во последен момент. Убаво е да сте подготвени барем 47 дена порано.
Јули е најпопуларен за патување во текот на летото, а најзгодни понуди се добиваат за крајот на сезоната односно за август и за септември.