Најдобрите мали возила – според Германците

ОБЈАВЕНО НА:

Европа е еден од пазарите на кои добро се продаваат автомобилите од најмалите класи – B и A. Последните уште се нарекуваат и градски автомобили кои се бараат најмногу заради компактните размери и ниската потрошувачка на гориво.

Тоа беше повод за експертите да направат класификација на моделите од оваа класа, а при ова ја имаат предвид и реалната потрошувачка на гориво.

На прво место е Skoda Citigo, чии мотори трошат 4,4 л/100 км се најде пред својот „шпански брат“ Seat Mii, кој го има истиот мотор. Неговата реална потршувачка е 4,5 л/100 км. Веднаш зад нив е Peugeot 108. Според податоци од компанијата троши 3,8 л/100 км, но при тестирањата бројките се поинакви и покажале 4,6 л/100 км. Истата потрошувачка ја има и следниот модел Fiat 500 со 1,3-литарски мотор со 85 коњски сили.

На листата следува VW Up BlueMotion Technology high up! Тој претставува двојки на Skoda Citigo и Seat Mii, но неговиот агрегат располага со 75 коњски сили. Соодветно на тоа и потрошувачката е поголема. Од Volkswagen се објавени 4,2 л/100 км, но воизлото троши 4,8 л/100 км.

Во првата десетка се и Citroën C1 VTi 68 Feel и Toyota Aygo x-play touch со мотори со моќност од 69 коњски сили. Францускиот модел има потрошувачка од 4,9 л/100 км, додека кај јапонскиот тестирањата покажале 5,0. Во исто време и двата производители тврдат дека автомобилите им трошат 4,1 л/100 км. Зад нив е Renault Twingo Energy TCe 90 со мотор со 90 коњски сили, кој би требало да покаже потрошувачка од 4,3 л/100 км, но за време на тестирањата резултатите биле повисоки – 5,1 л/100 км.

Последните две места се за VW Up move up! и VW Up up! TSI Blue Motion Technology. Кај првиот моторот е со 60 коњски сили, а кај вториот се 90. Од Volkswagen  посочиле потрошувачка од 4,5 и 4,4 л/100 км, но се покажало дека реалните бројки се 5,1 и 5,2 л/100 км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK