Каде оваа пролет? Pandotrip направи селекција на најдобрите десет десетинации кои може да ги посетите оваа пролет. На листата се наоѓаат бројни дестинации од САД, Европа и Азија.
На 10-та позиција се наоѓа германскиот град Бон. Јапонските цреши ширум градот го прави овој град одличен за посета во април. При тоа може да ги посетите и блиските Дизелдорф и Келн.
Пасифик Нортвест во САД е следната дестинација која нуди одлично доживување долж реката Колумбија. При тоа ова место ви нуди одлична природа во должина од 130 км.
На осмата позиција е Нурдуштполдер од Холандија, а причината е т.н. Тулип фестивал кој традиционално се одржува секој април.
Хитачи парот лоциран во Хитачинака, Јапонија, се наоѓа на следната позиција, а интернет сајтот наведува дека оваа локација е идеална за посета било кое време во текот на годината.
На листата се наоѓа и Палуз регионот во Вашингтон, САД како и Хвасун во Јужна Кореја каде патувањето со автобус и воз е повеќе од доживување.
Во предлог дестинациите место има и за Провенс (Франција), Кастелучо (Италија), Сакурас (Јапонија) и низината Скагит (САД).