Најдобрите 10 хечбек автомобили според AutoCar – прв е Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот магазин AutoCar ја објави листата на најдобри 10 фамилијарни хечбек автомобили достапни на пазарот во Велика Британија.

Листата почнува со новата, осма генерација на моделот Volkswagen Golf за кого редакцијата на магазинот наведува дека доаѓа со технолошки напредnа опрема задржувајќи ја при тоа пространоста и квалитетот кој е препознатлив за германскиот прозиводител. На листата повеќе од очекуваното се најде и Ford Focus кој е еден од најпродаваните автомобили во својот сегмент. “Комплетно новата платформа и екстериер дава нов свеж живот” стои во дескрипцијата.

Seat Leon, пред се поради привлечниот, поостар изглед кој го истакнува спортскиот карактер, се најде на оваа листа на која поради истата причина друштво му прави и BMW серија 1.

На листата се наоѓаат и неколку модели на азијски производители. Така тука е новата генерација на Mazda 3, особено верзијата опремена 2.0 литарски SkyActive. Место има и за Kia Ceed, кој се најде пред се поради достапната цена и големата пространост. Трет азијски и втор јапонски модел е Hondа Civic, автомобил за кој се наведува дека R верзијата е и повеќе од одлична.

На листата се наоѓаат уште А класата на Mercedes-Benz и Audi A3 Sportback.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK