Најдобри европски дестинации за 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата на коронавирусот и најавените нови бранови иницирани од британскиот сој на КОВИД-19 се вистинска закана и за овогодинешната летна сезона. Патувањата дефинитивно ќе бидат отежнати и покрај обидите на Европската Унија за воведување на дополнителен пасош.

Сепак и покрај тоа интернет сајтот European Best Destinations ги објавви најдобрите европски дестинации за оваа година.

За најдобра дестинација е избран градот Брага, Португалија. Најголема причина зошто овој град се најде на врвот на листата е успешното справување со КОВИД-19. Признание за тоа доби и од OECD. Покрај оваа причина, на листата се најде и поради ниските цени за сместување, но и до блискоста до брегот на Атлантскиот Океан кој изобилува со одлични песочни плажи.

Рим се наоѓа на втората позиција, дестинација која со децении го носеше епитетот “Главен град на светот”. Историските знаменитости се најголем виновник зошто главниот град на Италија се најде на оваа листа.

Хрватскиот град Цавтат се наоѓа на третата позиција. За овој мал град кој се наоѓа на 18 км од Дубровник, сајтот наведува дека претставува совршен микс на море, сонце, гастрономија, природа и култура.

cavtat-croatia-best-destinations-2021

На следната позиција се наоѓа италијанскиот град Фиренца кој беше центар на хуманизмот кој ги “роди” Макијавели, Ботичели, Леонардо да Винчи, Микеланџело… Во топ 5 најдобри дестинации се наоѓа и романскиот град Сибиу

sibiu-romania-best-destinations-2021

Париз поради веќе познатите причини се наоѓа на шестата позиција, а тука е добро познатата Кефалонија. Црногорски Котор и Сока од Словенија се во листата на топ 10 дестинациите на која се наоѓаат и Канарските Острови.

Останатите дестинации се Тубинген (Германија), Дордоња (Франција), Тахити (Француска Полинезија), Капри (Италија), Гент (Белгија), Кападокија (Турција), Калпе (Шпанија), Виена (Австрија), Корнвел (Англија) и Лофотен (Норвешка).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK