Најдобар прв квартал за Tesla – испорачани 88.400 електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla се подобро продава и го имаше најдобриот прв квартал во историјата на компанијата. Од компанијата објавија дека во првиот квартал на 2020 година, производството на компанијата достигна ниво од скоро 102.672 единици, а до клиентите се испорачани 88.400 единици.

Тоа е повеќе од очекуваните 79.900 возила колку што било предвидено. Комбинирано, 76.200 возила од седанот Model 3 и кросоверот Model Y, И плус уште 12.200 испораки на поскапите Model S и Model X.

Tesla истакна дека Model Y започна со производство во јануари, а првите испораки на клиентите се направени во март, многу пред предвиденото.

Како сериозен фактор за нивните завидни перформанси во првиот квартал, компанијата го наведе и рекордното лансирање на својот нов производствен погон во Шангај.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK