недела, 25 декември, 2025 година

Најчудните семафори низ светот (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Веќе е сосема нормално насекаде низ светот да се гледаат исти семафори на кои има три сијалички, столб и ништо повеќе.

Сепак, низ светот има светлосни сигнализации кои го организираат движењето, а можат да бидат причина за смеење, плачење или дури и да поттикнат кон несакани дејствија.

- Advertisement -

Победникот без конкуренција во категоријата „Најсложен семафор“ се наоѓа на раскрсницата на улиците „Ла Троб“ и „Свонстон“ во Мелбурн во Австралија.

Тој регулира не само преминување на возилата кон лево, право и кон денсно, туку има и одделни секции за трамваи и за велосипеди.

Семафорите во Прага ги тераат пешаците да направат некаква белја. Човечињата пијат пиво од флаша, ги задоволуваат физиолошките потреби и (најверојатно) лежат.

Семафорите на раскрсницата меѓу две улици во Њујорк забрануваат преминување на пешаци со “Rock’n’Roll Forever!” . Тоа не е иницијатива на градскиот совет, туку интересна идеја на локален уметник.

Одделните семафори за велосипедисти веќе не се никаква новост, но тие за коњите се новост. Во Лондон движењето на јавачите на коњи се регулира одделно.

Првиот семафор со три светла во Берлин е поставен на малата кула со часовник во1924 година. Денес е заменет од идентична копија.

Во Данска се гордеат со историјата и го покажуваат тоа дури и со семафорите. Пешаците во градот Фредериција ги следат укажувањата на војник од Данско-Пруската војна, а во Одензе на најистакнатиот локален жител, Ханс Кристијан Андерсен.

Овој кошмар на возачите на автомобили за среќа е само скулптура. Во Лондон има две такви на „Трафалгар Веј“ и на пазарот во „Билингсгејт“.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја