Најчудни предмети што се забораваат во такси

ОБЈАВЕНО НА:

Мобилни телефони, чанти, клучеви, слушалки, облека, очила, електронски цигари, козметика, накит и документи се најчесто забораваните предмети во такси, а тоа го покажува и статистиката на британскиот дел на Ubеr. Тоа не се најнеобичните предмети, кои возачите ги наоѓаат на крајот на смента.

Статистикатa на Ubеr вели дека „најрасеаното“ време од деноноќието е наутро меѓу 11 и 12 часот и навечер меѓу 22 и 23 часот. Најчесто, пак, патниците забораваат нешто во таксито в петок и в сабота.

Меѓу најегзотичните работи кои такси возачите во Велика Британија ги пронаоѓаат се шест конзерви телешка чкембе чорба, конзерва со зелени сицилијански маслинки, кутија со пилешки батаци, крем за нозе од еден килограм, далечински управувач, електрична пумпа за гради, вегански сендвичи, 50 фунти (23 килограми) стек, виолина, 23 шишиња парфем, венчални прстени, перика и намален модел на железничка линија.

Велика Британија дури и не влегува во првата десетка на европски држави со најрасеани клиенти. Првото место го држат Италијанците, а потоа следуваат Норвежаните, Шпанците, Швеѓаните, Швајцарците, Финците, Чесите, Грците, Белгијците и Австријците.

Најчудните предмети во такси возилата, пак, ги забораваат Американците. Тамошните возачи на Ubеr во своите возила откривале мачешки шепи, гривна со натпис „Богородични камења“, машинка за правење меури од сапуница, тарот карти, папучи за морско свинче, дијамантски ракави, торба со лук и чаша кефир.

Нема податок ниту истражување дали и што најчесто забораваат македонските патници што користат такси.
Дали и вие сте заборавиле нешто во такси?

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK