Сообраќајните несреќи за жал станаа секојдневие низ светот, а причините за нив се различни. Бројката на несреќи секојдневно се зголемува, а со тоа и жртвите, па се прави сè што може за нивно намалување.
Со оглед на тоа што причините се многубројни во продолжение можете да видите десет од нив кои важат за најчести.
Замор и исцрпеност
Заморот преовладува како причинител за сообраќајни несреќи со најтешки последици. Заморени возачи прават грешки кои не се плод на незнаење туку на лоша концентрација и поспаност. За да го избегнете лошиот епилог на возењето ви препорачуваме да не седнувате зад волан кога сте заморени и ненаспиени. Во текот на возењето, особено на долгите дестинации треба да правите паузи што е можно почесто. ВО секој автомобил треба да се најде барем едно шише со вода и нешто благо, кои во моментите на умор ја креваат концентрацијата на возачот.
Непридржување кон сообраќајните правила
Кога се работи за безбедноста при возење најважниот дел е квалитетната обука на возачот на која се совладуваат детално сообраќајните правила. Квалитетната обука на возачот во авто школата мора да ги опфати и теоретските часови на кои се усвојува и материјалот за правилата на возење. После тоа следува сеопфатна возачка обука на теренот, при која возачите ги премнуваат порано научените правила. Добро е возачите одвреме навреме да го обновуваат материјалот бидејќи можеби заборавиле доколку подолг период не возат.
Стрес
Психофизичката состојба на возачот значително влијае на безбеноста во сообраќајот поради смалување на способноста за перцепција и брзина на реагирање после стрес. Доколку возачот е под стрес покрај приватните случува најдоброто решение е да направи пауза или да се откаже од возењето.
Техничка неисправност на возилото
Често се случува возачите да не ја проверат детално исправноста на возилото пред да тргнат на пат. Проверката на исправноста е многу важна навика која треба да се применува веднаш по вадењето на возачка дозвола. Неиправноста на системот за сопирање, светлата и другите делови може да биде причина за судири со фатални последици.
Лоши временски услови
Магла и смалена видливост на патот спаѓаат во најголеми причини за сообраќајни несреќи. Зимските услови, снег, дожд и поледица бараат дополнителна опрема, но и големо внимание бидејќи тогаш управувањето со моторните возила бара големо искуство. На нашите патишта потојат делници кои се многу незгодни за возење низ магла или на снег, па затоа треба да се избегнуваат.
Метеж во сообраќајот
Зголемениот интензитет на возила во одредени правци е карактеристика за летниот период и годишните одмори. Имајќи во вид и други фактори како што се заморот и топлината, веројатноста од судир на отворен пат е далеку поголема. Доколку мора да возите на делови од пат каде е голем метеж планирајте почести паузи. Проверете ја состојбата на гумите и техничката исправност пред тргнување на пат.
Пребрзо возење
Неприлагодената брзина може да биде погубна во случај на сообрачајна несреќа бидејќи тогаш последиците се драстично поголеми. Освен пропишаните брзини треба на ум да се имаат и услови на патот како што се работи, одрони…
Возење под дејство на алкохол
Возењето во алкохолизирана состојба е многу честа причина за сообраќајни несреќи во градска средина особено за време на викенд и за време на поголеми празници. Возењето под дејство на алкохол мора апсолутно да се избегне. Доколку планирате да патувате на прослава тогаш испланирајте однапред кој ќе ве однесе дома. Малку подобра организација може да спаси повеќе животи.
Незгодни мотоцикли и велосипеди
Во летните месеци на улиците е присутен поголем број на мотоцикли и велосипеди кои неретко се вистински предизвик во сообраќајот. Причина за тоа е што велосипедистите и мотоциклистите не се придржуваат секогаш на правилата во сообраќајот и не носат адекватна опрема. Посебен проблем е тоа што тие не се доволно видливи за другите учесници во сообраќајот.
Користење мобилни телефони
Иако е забрането користењето на мобилни телефони во текот на возењето тоа е навика која тешко се менува. Со закон е предвидена казна за возачите кои телефонираат, но бројот на прекршоци не се смалува. Утврдена е поврзаност меѓу користењето на мобилен телефон во текот на возењето и зголемениот број на несреќи. Советот е телефоните да се исклучат пред возење за повиците и пораките да не му пречат на возачот и да не му го одземаат вниманието.