Тјунинг работилницата од Тексас, Hennessey Performance го претстави најбрзото СУВ возило во светот. Се работи за доработениот Jeep Grand Cherokee Trackhawk, кој забрзува од 0 до 97 км/ч за 2,3 секунди, а максималната брзина надминува 322 км/ч.
„Напумпаниот“Jeep од страна на Американците има 6.2-литарски V8 со механички компресот Hennessey, благодарение на кој моќноста достигнува 1218 коњски сили, додека максималниот вртежен момент е 1354 Нм. Фабричкото Grand Cherokee Trackhawk развива 717 коњски сили, а до 100 км/ч забрзува за 3,5 секунди.
После надградбите на Hennessey сув возилото успева да помине четврт милја (402 метри) за 9,66 секунди со максимална брзина од 233 км/ч. Бројките на стандарден автомобил се се 11,6 секунди и 185 км/ч.
За да ги достигнат овие динамични карактеристики, вработените во работилницата во Тексас биле принудени не само да ја модификуваат конструкцијата на Grand Cherokee Trackhawk, туку и да монтираат специјални гуми за тркачките Drag Racing, Nitto 555R сo размер 275/40.
Вклучен е и систем, кој дозволува отклучување на предната оска со притисткање на копче на таблата.
Hennessey Performance планира да направи 24 примероци од Jeep Grand Cherokee Trackhawk со цена од 179.000 долари (154.548 евра).