Најбрзите десет автомобили во светот – четири можат и над 500 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Меѓу десетте има и три модели на Bugatti

Откако пред две седмици беше потврдено дека SSC Tuatara поставил нов светски рекорд за максимална брзина на сериски автомобил, многумина се прашуваат кои се лимитите на автомобилите. Колку брзо тие можат да се возат?

На направената топ листа од десетте најбрзи автомобили во светот дури четири можат да „дигнат“ 500 км/ч. Се разбира некои се само прототип автомобили, а малку од нив сериски кои може да се купат во редовно производство.

Последното рекордно постигнување, регистрирано со SSC Tuatara (моторот кој е со максимална моќност од 1.750 коњски сили) било направено на 10 октомври во близина на Лас Вегас. Тој рекорд е признат од Гинис за сериски автомобил.

Новиот рекорд е 316,11 милји на час или 508,73 км/ч, се јавува со средна вредност од задолжителните два теста во овој вид на тест во различни насоки на една линија. Првото од испитувањата било со показател од над 301 милја на час додека второто било со 331.15 милји на час или 532,93 км/ч.

На топ листата од десетте најбрзи автомобили се наоѓаат:
1. Devel Sixteen – 558 km / h
⇓ ➘ ⇓ ➘ ⇓


2. Koenigsegg Jesko Absolut – 531 km / h
⇓ ➘ ⇓ ➘ ⇓

3. SSC Tuatara – 508.73 km / h
⇓ ➘ ⇓ ➘ ⇓

4. Hennessey Venom F5 – 500 km / h
⇓ ➘ ⇓ ➘ ⇓

Понатаму следуваат:
5. Bugatti Chiron – 490.48 km / h
6. Koenigsegg Agera RS – 447.49 km / h
7. Bugatti Veyron Super Sport – 431,072 km / h
8. SSC Ultimate Aero – 412.28 km / h
9. Bugatti Veyron – 408.47 km / h
10. Koenigsegg CCR – 387.37 km / h

Најбрзиот автомобил Devel Sixteen всушност е прототип кој изгледа како возило од некоја видео игра, има 5.001 КС благодарение на интеракцијата на два мотори на Chevrolet V8.

Како резултат на тоа, четирите турбо мотори со V16 и зафатнина од 12,3 литри успеваат да стигнат до брзина од 558 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK