Најбрзиот сериски автомобил SSC Tuatara вози 532,93 км/ч. (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

После неколкудневни озборувања неофицијалната информација од компанијата SSC North America беше потврдена дека претставник на екстремниот супеспортски модел Tuatara поставил нов светски рекорд за максимална брзина на сериски автомобил.

Новото рекордно постигнување, регистрирано со SSC Tuatara (моторот кој е со максимална моќност од 1.750 коњски сили) било направено на 10 октомври во близина на Лас Вегас.

Новиот рекорд е 316,11 милји на час или 508,73 км/ч, се јавува со средна вредност од задолжителните два теста во овој вид на тест во различни насоки на една линија. Првото од испитувањата било со показател од над 301 милја на час додека второто било со 331.15 милји на час или 532,93 км/ч.

Од SSC North America објавуваат дека за време на испитувањата, на местото присуствувале официјални лица и биле користени рарирани уреди за мерење.

Паралелено со регистрирањето на новата рекордна максимална брзина на движење со Tuatara биле отчитани уште три врвни постигнувања, а во тие бројки и највисоката брзина на јавен пат од 532,93 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK