Иако саемот во Женева беше одложен поради корона вирусот, Kоеnigsеgg го претстaви својот нов четворосед во градот во Швајцарија. Новиот модел се нарекува Gеmеrа, а туристичкото купе воодушевува со својот дизајн и карактеристики.
Ќе бидат произведени вкупно 300 возила Kоеgnisеgg Gеmеrа, а цената на секој примерок ќе биде 1,7 милиони евра. Интересните факти околу овој модел има многу, а за почеток треба да се одбележи дека тоа ќе биде најбрзиот четворосед автомобил во светот.
Kоеgnisеgg Gеmеrа забрзува до 100 км/ч за 1,9 секунди, а до 400 км/ч за 20 секунди. Овој резултат е постигнат благодарение на сложената хибридна инсталација. На предната оска е монтиран дволитарски трицилиндричен бензински мотор со две турбини и со моќност од 608 коњски сили и 600 Нм мaкcимaлeн вртежен момент.
Напред е достапен и електромотор со моќност од 406 коњски сили. Задните тркала се со погон од два електромотори, кои имаат вкупна моќност од 507 коњски сили. На тој начин системската моќност на хибридот станува 1.724 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 3500 Нм. Хиперавтомобилот со четири седишта може да измине 50 километри во електричен режин и 1000 километри во хибриден.
Kоеnigsеgg Gеmеrа има невообичаена трансмисија со иновациско хидраулично спојување, кое го менува степенот на менување. Во арсеналот на купето, покрај погонот на четири тркала е достапно и целосно управувана шасија. Телото е целосно изработено од јаглеродни влакна и како сите автомобилот од Kоеnigsеgg и тука се монтирани врати од типот „гилотина“.
Во внарешноста на Kоеnigsеgg Gеmеrа се достапни четири спортски седишта и одделни сензорни екрани напред и назад.