Најбезбедните брендови за 2018 година (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Consumer Reports ја објави својата годишна класификација на најбезбедни автомобилски брендови. Во класификацијата предвид беа земени одговорите од анкетата на повеќе од 500.000 возила, а на листата најдоа 29 брендови.

Lexus и Toyota се на лидерските места веќе шестта година по ред. Lexus е на првото место со среден успех од 78 од 100 можни поени, додека Toyota е пласирана на втората позиција со резулат од 76 поени. Минатата година пласманот беше со сменети позиции меѓу Lexus и Toyota.

Consumer Reports вели дека секој модел на Lexus располага со доволно карактеристики за да може да добие „средна“ или повисока оценка за безбедност посочувајќи ги добро завршените внатрешни решенија и одличните мотори.

Mazda забележа најголем напредок во класификацијата во однос на лани и се искачи за дури девет места и сега се наоѓа на 3. позиција. Брендовите од Азија ги заземаат првите пет места, а се наоѓаат и од 11 до 15 место. Во продолжение можете да ги видите најбезбедните автомобили за 2018 година и нивните средни резултати за безбедност.

15.Honda – 50

Најбезбеден модел – Honda Fit

14.Nissan – 51

Најбезбеден модел – Nissan Maxima

13.Acura – 51

Најбезбеден модел – AcuraILX

12.Genesis – 52

Најбезбеден модел – Genesisi G80

11.Porsche – 54

Најбезбеден модел – Porsche 911

10.Hyundai – 57

Најбезбеден модел – Hyundai Santa Fe XL

9.Mini – 57

Најбезбеден модел – Mini Countryman

8.BMW – 58

Најбезбеден модел – BMW i3

7.Audi – 60

Најбезбеден модел – Audi Q5

6.Infiniti – 61

Најбезбеден модел – Infiniti Q60

5.Kia – 61

Најбезбеден модел – Kia Sedona

4.Subaru – 65

Најбезбеден модел – Subaru Crosstek

3.Mazda – 69

Најбезбеден модел – Mazda MX-5 Miata

2.Toyota – 76

Најбезбеден модел – Toyota Prius C

1.Lexus – 78

Најбезбеден модел – Lexus GX

Следете не и на:

24AUTO NETWORK