Најбезбедните брендови на германскиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Класификациите кои ги подготвуваат од JD Power значат многу за автопроизводителите. Оттаму го сметаат за многу важно и не им е сеедно на кое место ќе го видат својот бренд. Следното рангирање е за тоа колку клиентите се задоволни од квалитетот на одреден бренд на автомобили.

Дали едно возило навистина го исполнува она што производителот го ветил или не може да се заклучи после извесно време. Компанијата за проучување JD Power работи со експерименти и испитување на мислењето на клиентите, кои се испрашувани за нивните автомобили. Дел од истражуваните категории за сигурност се: целосна безбедност, мотор и погон, каросерија и внатрешност, дополнителни функции и функционалност.

Со оглед на тоа што JD Power главно се фокусираше на домашниот пазар во САД сега компанијата одлучи да направи пласман и во Германија.

Компанијата за орпучување го исполнува индексот „PP100“, а тоа значи дека „број на проблемите на 100 превозни средства“. На списокот се вклучени сите извесни брендови без Honda, Jeep и Porsche бидејќи нивниот број не е доволно голем за да може да се направат добри заклучоци.

Резултатите накратко:

Toyota е брендот со најголема сигурност. Индексот PP100 кај јапонскиот производител на автомобили е 101, така што има само еден проблем кај превозното средство.

Во топ 5 следваат уште Seat(103), Volvo(103), Skoda(104) и Hyundai(105).

Volkswagen, Opel, Kia и Ford се на средина од класификацијата, но имаат подобар резултат од средниот за индустријата.

Германските премиум брендови Audi и BMW се лидери за „кршливост“, додека со 1,85 проблеми на превозно средство концернот од Минхен е на последното место на списокот. Дури во Fiat се радуваат на подобри показатели од баварските возила. Тоа би требало да доведе до вистинска бура во четирицилиндричниот Минхен.

Mercedes исто така не се задоволни бидејќи се на 9. место.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK