Најбезбедниот автомобил на Audi!

ОБЈАВЕНО НА:

Земајќи ги во предвид остварените резултати на краш тестовите на Euro NCAP, најбезбедниот и најсигурен модел на Audi е Q3.

Иако безбедноста на сите автомобили на германскиот прозиводител се на врвно ниво, сепак моделот Q3 за многу малку се издвојува од останатите. Така според краш тестот спроведен во 2018 година, овој модел очекувано се здоби со пет ѕвезди.

При тоа најдобар скор забележа во однос на безбедноста на возачот и тоа од 95%, додека пак во однос на безбедноста на децата на задна клупа 86%. Во однос на безбедноста на пешаците 76% додека за безбедносната асистенција на возачот 85%.

Меѓу најбезбедните модели на германскиот прозиводител се вбројуваат и Audi A1, Audi Q7, Audi Q8 и Audi A7.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK