Уште минатиот месец беа објавени шпиунски фотографии од тестирањето на обновениот Jeep Compass. Американскиот производител со објавување на тизер фотографии објави дека премиерата на овој модел доаѓа уште овој месец.
Станува збор за премиера на кинеската верзија на Compass која доаѓа со зголемени димензии и меѓуоскино растојание, а кон крајот на годинава или јануари следната година и верзијата наменета за европскиот и американскиот пазар.
Премиерата на обновениот Compass доаѓа четири години по премиерата на втората генерација и според едни шпекулации на само три години пред премиерата на третата.
Споредбено со актуелниот модел, обновениот доаѓа со промени на предниот и задниот браник поради кои димензионално е за 9 мм подолг, и нови LED светла кои сепак ја задржуваат постоечката форма. Мали измени има и на предната решетка, а повеќе новитети се очекуваат во внатрешноста.
Во продажба во првиот квартал следната година најпрво ќе дојде во Кина и САД, а потоа следи и лансирање во Европа.