Во рамки на прославата на јубилејот 80 години од формирањето на компанијата, Jeep објави неколку специјаални верзии. При тоа, Jeep објави и тизер од електричната изведба на моделот Jeep Wrangler.
Истата доаѓа откако претходно беше претставена Wrangler 4xe plug-in hybrid, изведбата, а електричиот Wrangler се очекува да дебитира уште следниот месец, како концептна верзија, а до крајот на годината и во продукциска верзија.
Во однос на дизајнот тој е оној препознатливиот, но недостасуваат технички податоци. Познато е дека ќе биде со второ ниво на автономија, а останатите технички карактеристики се очекува да бидат откриени за време на премиерата на концептот на крајот на март.
https://youtu.be/66qsVzYPUmc
Инаку од Jeep најавија дека ќе инсталираат и брендирани полначи на електрични возила и тоа на повеќе атрактивни локации во САД.