Најава на саемот за автомобили во Женева – без десетина познати брендови

ОБЈАВЕНО НА:

Традиционално и оваа година, саемот за автомобили во Женева ќе се одржи во март. Локацијата е добро позната, Палекспо, а вратите за посетителите ќе бидат отворени од 7 март откако претходно, на 5-ти ќе бидат отворени за медиумите.

И оваа година, како и минатата, но и како на сите други саеми, не сите производители ќе бидат изложени на овој саем. Ford, Jaguar, Land Rover, Lamborghini, Peugeot, Citroen, DS, Opel и Genesis се производителите кои ќе го прескокнат овогодинешното издание.

Се очекуваат 10-тина концептни возила меѓу кои: BMW Concept i4, Hyundai Prophecy EV, Koenigsegg Mission 500, Rinspeed metroSNAP, Aiways U6ion…

Од продукциските модели, саемско, европско и светско деби ќе имаат AIways U5, Audi A3 Sportback, BMW M8 Competition, Bugatti Chiron R, Ferrari Roma, Fiat 500e, Seat Leon, Skoda Enyaq, VW Caddy…

Саемот ќе трае се до 15 март. Цените, во зависност од возраста се движат од 4,5 па се до 21 швајцарски франци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK