Целосно новата генерација на Renault Clio, кој ја забележат светската премиера на саемот во Женева пред неколку дена ја доби наградата за Најдобар сериски автомобил од годишниот конкурс на RTL – Auto Plus – Turbo Grand Prix.
Од француската компанија велат дека тоа е одлична награда за градскиот автомобил. До наградата се стигна со собирање на 56% од гласовите, кои можеле да бидат распределени и меѓу осум сериски модели прикажани на саемот.
„Среќни сме да видиме дека публиката е со голем впечаток од дизајнот на целосно новото Clio. Уште на прв поглед, внатрешната револуција остава впечаток, а фокусот е ставен на технологијата, удобноста и просторот Smart Cockpit за возачот и сите патници. Новото Clio е многу профитабилно возило, а борд технологијата ќе го направи секојдневниот живот на нашите клиенти уште полесен“.