Деновиве регионот е во „портокалов бран“ кој на моменти преминува и во „црвен“ со температури околу 40 степени. Тешко функционираме и ние, а исто така проблем е и за вашиот автомобил на тие високи температури.
Додека повеќето од нас се фокусираат на системите за ладење, малкумина размислуваат за потенцијалните опасности што топлината може да ги предизвика на автомобилот.
Сапсот е возилото да биде некад епод сенка, доколку е тоа можно. Ако имате гаража секако користете ја.
Експертите предупредуваат дека екстремната топлина може да доведе до проблеми на автомобилот како што се:
* Гумите под топлински притисок буквално можат да експлодираат при големи брзини, што доведува до опасни ситуации на патот.
* Високите температури може да предизвикаат оштетување на акумулаторот на возилото, што може да доведе до несакани дефекти или дури и пожари.
* Зголемувањето на температурата може да влијае на перформансите на системот за сопирање, намалувајќи ја ефикасноста на сопирањето и зголемувајќи го ризикот од судар.
* Деловите на моторот може да бидат подложни на деформација или оштетување поради екстремни температури, што може да доведе до скапи поправки.
* Комбинацијата на висока температура и одредени хемикалии или материјали во возилото може да го зголеми ризикот од пожар, особено ако возилото е оставено на сонце без вентилација.