Над милион возила Ford Explorer се под истрага за труење на возачи

ОБЈАВЕНО НА:

Националното реулаторно тело за безбедност на автопатиштата во САД (The National Highway Traffic Safety Administration) ја прошири истрагата за можното труење со јаглерод моноксид предизвикано од возилата Ford Explorer.

Според регулаторот предвид ги имаат 2700 жалби и три сообраќајки кои можеи се поврзани со труење со јаглерод моноксид во кабината на возилото.

Првичната истрага беше отворена минатата година и опфати нас 638 илјади возила, а регулаторот сега ја прошири истрагата со дополнителни анализи кои се неопходни пред агенцијата да му наложи на Ford да повлече возила. Ford призна дека постои некаков проблем, објави повеќе известувања и ги информираше Ројтерс дека има формирано тим којшто треба „да ги истражи праѓањата и да ги реши“.

Според последните извештаи, месецов полицијата во Остин, Тексас повлече над 40 Ford Explorer возила од нејзината флота откако повеќе службеници се пожалија на труење со јагледор моноксид.
Агенцијата индформираше дека возачи се жалат на губење на свесноста, со силни мачнини, главоболки или вртоглавици.
При тоа, треба да се нагласи дека регулаторот нема суштински податоци или вистински докази кои ќе ги потврдат тврдењата дека наводните повреди се предизвикани поради труење на возачот со јаглерод моноксид.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK