среда, 25 декември, 2025 година

Над 40 проценти од автомобилите во Европа офарбани во бело

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Статистика направена за производството на автомобилите во светот во 2017 година вели дека дури 40 проценти од нив биле во бела боја. Така стои во извештајот од страна на германската хемиска индустрија BASF. Најзастапените „ахроматски бои“ кај автомобилите се белата, црната, сивата и сребрената, додека меѓу „хроматските бои“ речиси подеднакво се застапени и сината и црвената.

Европскиот тренд возилата да бидат во бела, црна, сива или сребрена боја. Дури 78 проценти од автомобилите во Европа се со некоја од овие бои.Сивата порасна на 19 проценти со што речиси ја достигна црната, а со повеќе од 100 варијации сивата го има второто место кај најголемиот број на нијанси и тоа веднаш зад сината која има 130 варијации.

- Advertisement -

„Сивата боја која асоцира на бетон и стакло ја претставува најурбаната боја која константно бележи пораст во последните години“, вели Марк Гутјар, шеф во BASF, во секторот за дизајн на завршните автомобилски фарбања.

Во сферата на „хроматските бои“, најзастапена е сината со која бил офарбан секој втор автомобил произведен во Европа во 2017 година.

Извештајот за боите во Северна Америка за минатата година покажува дека новите технологии на пигментација ја зголемија побарувачката за специјални ефекти на бои, па се барало бојата повеќе да светка и да блеска. Тоа посебно влијаеше на разновидноста на белата, црната и сребрената боја кои се најпопуларни на овој континент.

Спротивно на Северна Америка на пазарите во Азија и на Пацификот силните црвени нијанси и другите упадливи бои биле далеку најпопуларни.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја