Над 150.000 возила на Audi ќе мора на принуден сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемите на Volkswagen на американскиот пазар никако да завршат. По големиот Дизелгејт скандал кој го чинеше германскиот производител неколку милијарди евра и нарушување на репутацијата, изминатите години продолжува со повлекување на автомобили од повеќе брендови на групацијата поради најразлични причини.

Последно, Audi ќе мора да повлече преку 150 илјади автомобили со цел да се отстранат недостатоци поврзани со воздушните перничиња кои може да не се отворат при сообраќајна незгода.

Најголем дел од автомобилите или 113.164 примероци се од моделот А3 произведени во периодот помеѓу 2015 и 2020 година. Следи моделот А3 е-трон со 9.573 примероци произведени во периодот од 2016 и 2018 година како и 14.532 примероци од моделот S3 произведени во периодот од 2015 година до крајот на минатата година.

Германскиот производител наведува дека се ќе се повлечат и 4.147 примероци од моделот RS3 произведени во периодот помеѓу 2017 и 2020 година. При тоа сите трошоци за отклонување на проблемите ќе паднат на товар на Audi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK