На Zаstаvа Yugо и му стави 8,2 литарски мотор од Cadillac и доби… (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот Zаstаvа Yugо веројатно е ден од оние автомобили со кој си имаат најмногу подигрувано, а истиот официјално е продаван и на пазарот во САД.

„Југословенското мини“ е објект на безброј вицови и однос со потсмев од страна на американските автомобилисти, но еден ентузијаст од градот Индијана има решено да докаже дека дури и така неубав малкулитражен автомобил може да се претвори во вистинско чудовиште.

Југото кое може да се види на фотографиите е внесено во САД во 1987 година. Oд оригиналната конструкција нема останато ништо бидејќи морала да бире прекроена целосно за да може да собере два V8 од Саdillас со 8.2-литри.

Моторите се монтирани на посебни потпирачи и ги движат четирите тркала со тристепени автоматски трансмисии THM425 oд Еldоrаdо. Секој од моторите развива бруто 480 коњски сили, па собраната моќност ги надминува оригиналните 65 коњски сили близу 15 пати.

„Насилното“ Yugо има сертификат за движење по патиштата за опта употреба и досега има изминато само 300 милји (483 километри) после преработката. Цената е 25.500 долари (23.634€), a што може автомобилот можевте да видите од видеото погоре.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK