На тестирање се запали наjскапиот McLaren вреден 2 милиони долари (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Брендот McLaren има нова додавка Speedtail, која се однесува за новото возило во понудата на британскиот бренд, а автомобилот има амбиции да прерасне во најскапиот и најбрзиот автомобил, со што би станал идеолошки наследник на култниот модел F1.

За време на тестирање примерок од Speedtail се запали, а огнот за среќа беше брзо изгаснат.

Се работи за возило кое е прототип и не било опремено со стандардниот хибриден погон со моќност од 1050 коњски сили, туку со помал електромотор, кој служи само за возење при ниски брзини. Најверојатно овој електричен мотор имал дефект и тоа било причината за пожарот.

Автомобилот го има зачувано култниот тросед на F1, напојуван е од хибриден погон со моќност од 1050 коњски сили и развива брзина од 402 км/ч.

https://youtu.be/F8epfmKk5Rg

Од моделот Speedtail ќе бидат направени 106 примероци, а секој ќе биде продаден за сума од 2,1 милиони долари. Сите 106 примероци се веќе резервирани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK