Проблемот со мамењето околу податоците за испуштањето на CO2 од дизелските мотори на Volkswagen многу не влијае на Skoda, иако тие се дел од концернот. Чесите на големо ги обновиваат своит емодели, ги освежуваат и претставуваат нови, а истовремено и постигнуваат рекорди во испораките.
Неколку недели пред крајот на годината, компанијата објави дека продале еден милион возила, и тоа до средината на ноември, бројка што е постигната еден месец пред онаа рекордна 2015 година. Ова етрета година по ред за Skoda како постигнува резултати со седум бројки.
На врвот на листата е Octavia со повеќе од 361.000 испорачано возило од јануари до октомври, потоа има и речиси 115.000 модели на Superb, што е зголемување од 85,2 отсто во однос на лани. И моделите Fabia и Rapid имаат позитивен тренд во продажбата, и нивните испораки се зголемени за 6,7 односно 7 отсто.
За 2017 година брендот има уште поамбициозен план, па покрај нивнио тпрв СУВ наречен Kodiaq чија испорака ќе почне во февруари, планирано е и големо освежување за Octavia.