На шопинг во Грција со поскапа патарина: Во најава се уште четири нови наплатни рампи во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Ако се понадеваме дека на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе имаме само една патарина која сега чини 100 денари, тоа набрзо ќе се смени. Планирано е за помалку од два месеци ќе биде готова втората патарина на делницата Демир Капија-Смоквица, чија изградба привршува. Најверојатно бргу потоа ќе почне и напалатата, но не се знае точно кога ќе се воведе.

Не се знае колку ќе чини новата патарина. Се очекува да се движи меѓу 60 и 80 денари. Ако сега патувате за Гевгелија трошокот за патарина е 280 денари, а со новата наплатна рампа ќе се искачи на 340 или 360 денари. Во два правци за 150 км. автопат од Скопје до гевгелија ќе платите околу 700 денари.

Сега на таа делница од Демир Капија до Смоквица се плаќа само една патарина, која се наоѓа на крајот од тоа парче автопат кога се оди кон Грција, и која чини 100 денари, а беше воведена кон крајот август годинава.

Информацијата дека завршува изградбата на наплатната рампа денеска ја објави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, на прес конференција на која се презентираа резултати од досега сработеното на оваа институција.

Јавното претпријатие за државни патишта најави тендер за проектот за инсталација на електронски систем за наплата и изградба на три нови патарини по должината на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.

Европската банка за обнова и развој очекува постапката да започне на 28 декември. Станува збор за заем од 13 милиони евра за финансирање на надградби во системот за патарина на коридорите 10 и 8, а ќе се градат три нови патарини, од кои две на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот Кичево – Охрид.

Па на здравје…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK