На шампионот му стана досадно: Хамилтон бара погласни мотори и поголеми гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон бара враќање на атрактивноста на натпреварот на најбрзите болиди. Возачот на Mercedes кој годинава дојде до титулата вели дека некои работи мора да бидат подобрени и дека треба да се вратат старите гласни мотори.

„Од гледна точка на возачите, сакаме да се тркаме близу како во картинг. Тоа и понатаму е најдобриот начин на тркање бидејќи возачите во близина се следат еден со друг. Болидите годинава беа подобри отколку порано. Се надевам дека ќе дојде до промена на некои правила и ќе добиеме погласни болиди и ќе имаме поголеми гуми“, вели Хамилтон.

Тој вели дека не може Ф2 да има погласни болиди и поубави трки за гледање од најбрзите трки каде има доминација на еден тим.

„Нема причина болидите од ГП2 или Ф2 да бидат погласни и да звучат поубаво од оние во Ф1. Тие имаат и поубави трки бидејќи се постојано близу. Тоа некако мораме да го направиме и во Ф1 додека е уште побрза од другите класи“, коментираше шампионот од 2017 година, Луис Хамилтон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK