На секое продадено возило се заработува по 17.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Вистинската цена на автомобилите во малопродажбата е доста поголема од цената на чинење, на што се додаваат и трошоците за транспорт, маркетинг, развој… Секако на тоа треба да се стави и одреден процент заработка. И се разбира колку е возилото полуксузно, толку и маржата е поголема.

Германски Porsche заработува во прoсек по 17.250 долари на секое продадено возило. Лани имале продадено 238.000 возила, и оперативната заработувачка била 3,9 милијарди евра што е пораст од 14 отсто во однос на 2015 година.
Нето профитот по едно возило бележи раст од 9 отсто. Во споредба со ривалите, Daimler и BMW ова е тројно повеќе.

Ако се земе предвид дека последните три години Porsche го зголеми производството за 47 отсто, тогаш може да се претпостави колку навистина се заработува.

Сепак највисокиот профит по возило го има Ferrari каде нето заработувачката е 90.000 долари во просек. И тоа има тренд на раст секој агодина. А годишно Ferrari произведува околу 8.000 возила.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK