На саемот во Токио, Mitsubishi со нов концепциски SUV

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mitsubishi објави дека за време на саемот во Токио од 24 октомври до 4 ноември ќе биде претставено целосно нов мал концепциски СУВ автомобил, кој ќе биде опремен со plug-in хибриден погон.

Засега од Mitsubishi не ги коментираат деталите за новата концепција, најавувајќи само дека неговиот погонски систем ќе вклучува мотор со внатрешно согорување со мала брзина додека системот за погон на четири тркала ќе биде целосно електричен.

Од брендот споделуваат исто така и дека следувајќи го слоганот Drive your Ambition, новиот концепциски развој ќе ја демонстрира стратегијата на Mitsubishi  за електрифицирање на своето портфолио во комбинација со искуството на компанијата во систем со погон на четири тркала и придружни технолошки решенија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK