На саемот во Париз – Kia Ceed GT доаѓа со 204 коњски сили

ОБЈАВЕНО НА:

Од Kia објавија дека за време на саемот во Париз кој ќе се одржи на почетокот на следниот месец на штандот на брендот ќе биде претставена новата спортска верзија GT на моделот Ceed.

KIA Ceed GT ќе биде опремен со 1.6-литарски T-GDi бензинов мотор, кој е во состојба да произведе моќност од 204 коњски сили и максимален вртежен момент од 265 Нм. Првпат спортскиот модел ќе се нуди со алтернатива во однос на интегрираниот менувач, па клиентите ќе имаат можност да порачаат во своето возило верзија со роботизиран седумстепен место сегашниот стандарден шестепен менувач.

Новиот Ceed GT, кој и одземал шест месеци на екипата на Kia за изработка се одликува со специјално адаптирана суспензија и управувачки систем, уникатни екстериерни и интериерни елементи, а продажбата ќе биде само во Европа, со пазарно лансирање во првата четвртина од следната година.

Во стандардната опрема на на KIA Ceed GT се вклучени и специјално калибрирана електронска стабилизирачка програма, поголеми предни дискови на кочниците, Michelin Pilot Sport 4 гуми, адаптивен система Drive Mode Select кај верзијата со роботизиран менувач, издувен систем комбиниран со звучен генератор и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK