Новиот модел на Peugeot што се произведува во фабриката во Кенитра, Мароко во периодот од 3 до 31 декември 2019 година ќе мора да мине низ сервисна контрола. Повикот за сервис е направен од страна на системот за предупредување на Европската комисија по информацијата добиена од Германија.
Во објаснувањето се вели дека „ управувачот може да не е произведен според спецификациите. Ова може да резултира во дефект на управувањето и губење на контролата над возилото, со што се зголемува ризикот од несреќа“.
Фабриката во Мароко е отворена лани во јуни и вложени се 557 милиони евра со годишен капацитет од 200.000 возила. Од оваа фабрика ќе излегуваат возила што ќе бидат испорачувани во 80 земји.
Моделот Peugeot 208 се произведува исто така и во фабриката во Трнава, Словачка.
Notification_A12_00751_20_en (1)