На ова Yugo му завидуваат и Ferrari и Lamborghini (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Фабриката “Црвена Застава” од Крагујевац за американскиот пазар разви неколку специјални изведби. Најмоќна од нив беше онаа опремена со бензински 1,3 литарски мотор кој не може да се пофали со добри брзински карактеристики.

Триесет години од продажбата на последниот примерок на Yugo во САД, еден американец го создаде најмоќното Yugo некогаш направено на кое може да му позавидат и Ferrari и Lamborghini.

Причина за тоа е 8,2 литарскиот мотор кој е позајмен од Cadillac Edorado, кој е модифициран и доаѓа со 16 цилиндри продуцирајќи при тоа 1.000 КС. Тука е и погонот на сите четири тркала што значително ги подобрува перформансите.

Повеќе за ова Yugo погледнете на видеото во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK