На колку години автомобилите се најевтини за одржување

ОБЈАВЕНО НА:

Студијата е направена од магазинот Аvtо24, но се разбира нема недвосмислен одговор по ова прашање бидејќи нема совршени автомобили.

Купувањето на автомобил значи дека во текот на неговото користење ќе треба и да се грижите за истиот и пред се редовно да го сервисирате. Од тоа ќе зависи колку долго ќе ве служи. Некои купувачи кога ги разгледуваат опциите за купување автомобил секогаш се насочени и кон тоа да знаат колку ќе ги чини одржувањето на возилото, колку ќе потрошат за редовното сервисирање во одреден временкси период.

Трошоците за одржување се состојат од неколку фактори, а прво се обрнува внимание на потрошувачката на резервните делови и потрошниот материјал, како и вредноста на работата за нивна замена.

Сепак, треба да се забележи и друго: Изборот на автомобили со евтини резервни делови и сервисирање, не е секогаш одлучувачко. Веродостојноста на автомобилот и неговите одделни компоненти и склопови односно фреквенцијата на замена на делови која исто така е од голема важност.

Нови автомобили
Новите автомобили остануваат под гаранција на производството така што лесно можете да пресметата колку ќе чини одржување на нов автомобил. За да го направите тоа, доволно е да ја додадете цената на целата поддршка на официјалниот продавач за определен временски период.

На оваа сума додадете цена на зимски комплет гуми и неколку комплети сопирачки. Повеќето од непланираните ремонти (ако се неопходни) се покриваат од гаранцијата. Ако ја споредите големината на оваа потрошувачка за различни брендови станува јасно за кој автомобил се потребни помалку пари за поддршка.

Oд 5 дo 10 гoдини
Во овој период автомобилот почнува да ги покажува своите недостатоци. Во повеќето случаи проблемите и првите сериозни дефекти се појавуваат веднаш после истекувањето на гаранцијата.

Ако не ги гледате години, туку километражата тогаш кај поголем дел од автомобилите првите проблеми со безбедноста почнуваат некаде меѓу 150.000 и 200.000 километри. Интересно е дека за буџетскиот и трговскиот сегмент оваа бројка е повисока, а за премиум автомобилите, напротив е пониска. Во секој случај, кога еден автомобил ќе наближи до 10 години, трошоците за експлоатација почнуваат да се зголемуваат.

Нaд 10 гoдини
Aвтoмoбилитe нa возраст над десет години, кои се масовни на овие простори имаат повеќе проблеми со сигурноста. Се разбира, сè зависи од конкретниот случај, но во просек автомобилот поминува околу 25.000 до 30.000 годишно. Доколку автомобилот е да речеме на возраст од 15 години, а километражата одамна надминала 300.000 километри, тогаш во повеќето случаи е време за основен ремонт на основните компоненти и склопови.

Доколку треба да се ремонтира моторот, автоматскиот менувач, управувачот, суспензија та и да се заменат неколку електрични единици, таквите трошоци можат да бидат израмнети со цената на автомобилот. Експлоатацијата на таквите машини е доста скапа.

Па затоа внимавајте што купувате, и пред се внимавајте како го управувате. Од вас најмногу зависи колку долго ќе трае и колку ќе морате да платите за негово одржување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK